ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Монтажа на звучниците

Овој ресивер ви овозможува да користите до 7.2-канален систем (7 звучници и два сaбвуфери).

Следуваат типични примери за конфигурации на системот со звучници.

5.1-канален систем на звучници

За целосно уживање во повеќеканалниот опкружувачки звук, потребни ви се пет звучници (два предни, централен и два задни звучници за опкружувачки звук) и сабвуфер.

7.1-канален систем на звучници користејќи задни звучници за опкружувачки звук

Можете да уживате во репродукција на снимен звук со голема веродостојост од дискови DVD или Blu-ray, снимен со софтвер во 6.1-канален или 7.1-канален формат.

7.1-канален систем на звучници користејќи предни високи звучници

Можете да уживате во вертикални звучни ефекти со поврзување на дополнителни два предни високи звучници.

Забелешка

  • Не може истовремено да ги користите задните звучници за опкружувачки звук и предните високи звучници.