ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Функција за конверзија на видеосигнали

Ресиверот е опремен со функција за конверзија на видеосигнали. Видео сигналите и компонентните видеосигнали можат да излезат како HDMI-видеосигнали (*1).
Совпаѓањето на приклучоците INPUT кон приклучоците OUTPUT е прикажано подолу.

  • HDMI IN: HDMI OUT
  • COMPONENT VIDEO IN (само за STR-DN1050): HDMI OUT (*1), COMPONENT VIDEO MONITOR OUT (*2)
  • VIDEO IN: HDMI OUT (*1), MONITOR OUT (*2)

*1 Само за STR-DN1050. Видеосигналите се конвертираат нагоре кога излегуваат (до 4K).

*2 Излегува истиот тип сигнал како оној на влезниот сигнал.

Забелешка

  • Кога видеосигналите од видеорекордерот итн., се конвертирани нагоре во овој ресивер и потоа се гледаат на телевизорот, сликата на телевизискиот екран може да биде хоризонтално искривена или не може да се види слика, во зависност од статусот на излезот на видеосигналот.
  • Ако со видеорекордерот користите коло за подобрување на сликата, тоа може да влијае на конверзијата на видеосигналот. Се препорачува да ја исклучите оваа функција на видеорекордерот.
  • Конвертираната излезна HDMI-слика не поддржува „x.v.Color (x.v.Colour)“, Deep Color (Длабока боја) или 3D.
  • HDMI-видеосигналите не може да се конвертираат во компонентни видеосигнали или видеосигнали.
  • Компонентните видеосигнали во 1080p не може да се конвертираат нагоре.
  • Кога [4K Scaling] е поставено на [Auto], ако HDMI-влезнитесигнали се 1080p@23.98/24 Hz и е поврзан 4K-компатибилен телевизор, влезните HDMI-сигнали автоматски се конвертираат нагоре во 4K-слики и излегуваат од приклучокот HDMI OUT.