ПОВЕЌЕКАНАЛЕН АУДИО/ВИДЕО РЕСИВЕРSTR-DN1050/STR-DN850

Користење поврзувања на bi-засилувач

Доколку не користите задни звучници за опкружувачки звук или предни високи звучници, можете предните звучници да ги поврзете со терминалите SPEAKERS SURROUND BACK/BI-AMP/FRONT HIGH/FRONT B со помош на поврзување на двоен засилувач.

STR-DN850 е моделот што се користи како пример во овој дел.

Поврзете ги приклучоците на страната Lo (или Hi) на предните звучници со терминалите SPEAKERS FRONT A , а приклучоците на страната Lo (или Hi) на предните звучници поврзете ги со терминалите SPEAKERS SURROUND BACK/BI-AMP/FRONT HIGH/FRONT B .
Осигурете се дали металните делови на Hi/Lo што се прикачени за звучниците се отстранети од нив за да се избегне дефект на ресиверот.

Откако ќе го направите поврзувањето со двојниот засилувач, поставете го [SB Speaker Assign] во менито Speaker Settings на [Bi-Amp].

Забелешка

  • Можете да го поставите [SB Speaker Assign] само ако шемата на звучници е поставена на параметар кој нема задни звучници за опкружувачки звук или предни високи звучници.